
Само за три месеца во Истокот приведени 55 лица поради недозволена трговија со дрога. Ова е статистиката на подрачјето на СВР Штип за првиот квартал од 2023 година во која бележи и намалување на кривичните дела „тешка кражба“, истакна портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова.
„Од почетокот на јануари до сега, на подрачјето на СВР Штип, во областа на недозволената трговија со дрога лишени се од слобода 55 лица, додека 73 се приведении прегледани, што лица, што возила. Во делот на тешките кражби бележиме намалување, односно во делот на имотните деликти од пријавените тешки кражби во овој период на годината бележиме намалување за 15%. По преземени мерки и активности од полициски службеници, бележиме и намалување на кривичните дела „тешка кражба“ од 40%“, истакна Гордана Панајотова, портпарол на СВР Штип.
Само за една недела лишени од слобода се и три лица кои се барале за доиздржување на затворски казни во надлежните казнено-поправни установи.
„Сакам да истакнам дека само минатата недела од слобода се лишени три лица, познати сторители, односно познати на службата, сторители на тешки кражби, коишто се лишени од слобода, кои се приведени по распишани централни потерници од страна на полициски службеници од Полициската станица – Штип за доиздржување на казна затвор во надлежните казнено-поправни установи“, додаде Панајотова.
Намалениот квалитет и зголемената ефикасност на СВР Штип беа потврдени и при последната средба со новинарите. Минатата година за првата половина на ова подрачје вкупниот криминал беше намален за 10%.
Ребека Спасова М-Нет