За една недела бројот на новозаразени ковид 19 намален за 13,2%

Баланс меѓу новопримени и оздравени ковид пациенти во штипската болница. Според извештајот од болницата во последните 24 часа новопримени се шест пациенти, дома заминале седум лица. Со ова бројот на хоспитализирани е 55 на Инфективното одделение од кои 43 имаат потреба од кислородна поддршка и се приклучени на апарати за дишење,а вакцинирани се 10 лица. Во изминатото деноноќие битката со ковид 19 во штипската болница ја изгубиле две лица ан 67 и 84 годиша возраст од Штип. Слободни се само четири ковид кревети на инфеткивното одделение, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.

Во кочанската болница во изминатото деноноќие ново примени се двајца пациенти испишании нема. Со ова бројот на хоспитализирани е 12 на Интерното одделение кое ртаботи како Ковид оддел, од кои седум се вакцинирани а тројца се приклучени на апарати за дишење, потврдуваат од болницата.

Во општините од Истокот моментално активни се 488 ковид случаи, најмногу во Штип и Кочани каде бројките се троцифрени. Во останатите општини од Истокот бројката е двоцифрена на активни корона пациенти.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 31.01.2022 до 06.02. 2022г. ,тестирани се вкупно 33.421 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 13,2% во однос на минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапени се возрасните групи на лица на возраст над 60г (n=2.455, 24,6%) и 30-39г (n=2.004, 20,1%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9г (n=312; 3,1%). Се забележува намалување на бројот на заболени кај скоро сите возрасни групи, со најзабележително намалување од 23,9% кај возрасната група од 30-39г, додека зголемување се забележува кај возрасните групи од 0-9г со 21,4% и над 10-19г со 16,5% зголемување во однос на претходната недела.

Лаура Стојанова М-Нет