За десет месеци десет сообраќајни несреќи на експресниот пат Штип – Кочани со три жртви

Во период од десет месеци регистрирани се десет сообраќајни несреќи на експресниот пат Штип Кочани. Дополнително од сообраќајните несреќи три лица го загубиле животот, а нешто повеќе се здобиле со тешки или полесни повреди.

„Ве известуваме дека во периодот од 01.01.2025год до 08.10.2025 на екпресниот пат Штип – Кочани се случиле 10 сообраќајни незгоди. Притоа, пет лица се здобиле со повреди (тројца со телесни повреди и двајца со тешки телесни повреди), додека три лица починале како последица од здобиените повреди во сообраќајните несреќи. “ – велат оод МВР.

Последната сообраќајна несреќа е регистрирана пред само три дена, на влезот во Кочани кај селото Горни Подглог кога настанал судир меѓу две патнички моторни возила. Во несреќата едно лице го изгуби животот, а петмина беа повредени.

Преходно имаше и неколку сообраќајни несреќи во кои имаше причинето само материјална штета без повредени лица.

Експресниот пат Штип – Кочани е релативно нов, но со доста црн биланс. Сообраќајните несреќи се се почести, а причините се многубројни и различни, од брзо возење па се до возење под дејство на алкохол. Од полицијата апелираат возачите да бидат внимателни, да возат согласно ограничената брзина и на тој начин да се придонесе за побезбени патишта.

Иван Митев, М-Нет