
Утре на седница на Влада ќе се замрзне цената на јајцата и оризот, истакна денеска на прес конференција Министерот за економија, Крешник Бектеши. За сега нема да има замрзнување на цената на брашното и шеќерот, бидејќи во последните неколку денови се забележува нивно благо намалување, потенцираше Бектеши.
„Утре не Седница на Влада ќе се замрзне цената на оризот и јајцата, согласно цените кои биле претходно во овој месец, а во делот на шеќерот и брашното согласно сите податоци од Царинската управа во делот на увозните цени и цените кои се произведуваат имаме веќе намалување и трендот на намалување ќе продолжи, затоа таму нема да прземеме никакви мерки. Очекуваме цените во наредните денови сами да паѓаат согласно податоците кои ги имаме.“ – вели Бектеши.
Бектеши не ја дефинираше цената на која ќе бидат замрзнати јајцата, истакна дека нема да биде на сегашната цена туку на некоја од цените од месец март. Потенцираше дека за престојните празници нема да се дозволи цените на јајцата да пораснат без разлика дали побарувачката ќе биде зголемена или не.
„Во делот на цената ние имаме конкретен предлог, нема д абиде денешната цена, ќе биде една од цените од месец март, не би сакал тоа јавно да го кажам затоа што можат одредени трговци да се подготват. Најевтини сме моментално во делот на јајцата во регионот и зголемување на цените заради зголемување на побарувачката и заради Велигден и Бајрам нема да има зголемување на цените“ – додава Бектеши.
На терен граѓаните во штип потенцираат дека замрзнување на цените теба да има и нивно дополнително намалување.
Јајцата во Штип моментално се продаваат од 10 до 15 денари, додека цената на оризот е незадоволителна, па оризарите апелираа до Владата да размисли пред да ги замрзне цените.
Лаура Стојанова М-Нет