Заштеда се уште не почувствувале граѓаните, продолжува казнувањето на трговците

Заштеда од намалените цени на производите, анкетираните граѓаните на терен се уште не почувствувале. Според нив цените не треба да растат, па од тоа тие да очекуваат намалување, туку треба да бидат како што велат тие исти како порано. Велат дека надеж секогаш мора да имаат, па затоа очекуваат во следниот период вистинско намалување на цените.

Граѓаните со подршка до владата за затворањето на правните субјекти, кои не ги почитуваа донесените мерки, велат така треба и понатаму.

Според последните изјави на премиерот Мицкоски, намалувањето на трошоците се очекува овој месец споредбено со февруари, бидејки тие како влада работат жестоко на случајот. Досега затворени 8 правни субјекти, од кој една аптека, три маркети и четири увозници на зеленчук и овошје.

Иван Митев, М-Нет