
Денес е слободен ден од „Црнилиште Куп“, а утре продолжуваат возбудувањата со натпреварите од четвртфиналето. Осум екипи влегуваат во борба за пласман во полуфиналето, а двојките во четвртфиналето ќе предизвикаат голема возбуда, неизвеснота и голем интерес кај публиката за проследување на натпреварите.
Утре во 19:00 часот започнува четвртфиналето со натпреварот помеѓу Фасада Чајник и Dream Team, во 19:50 часот започнува вториот натпревар меѓу Десово Градба и Ва-Ен Травел.
Третиот натпревар е закажан за во 20:40 помеѓу екипите на БФ Гипсери и Фенербахче, а последниот меч со кој ќе биде затворено четвртфиналето е закажан во 21:30 часот помеѓу Хана Декор и Могила.
Интересот кај публиката во групната фаза беше голем, а за четвртфиналето се очекува многу публика и навивачи кои ќе ги поддржуваат омилени екипи на патот кон пласман во полуфиналето.
Телевизија М Нет е медиумски покровител на овој спортски настан.