
66 првачиња седнаа за првпат во училишните клупи во двете основни училишта во Берово. Од општината добија по 5000 денари за да може да се подготват соодветно за училиште. Градоначалникот, Звонко Пеќевски посочи дека училиштата се подготвени за соодветен почеток на новата учебна година. Во Општина Берово во последните десет години бројот на ученици е намален за една четвртина, согласно податоците на Центарот за граѓански комуникации.
„Бројот на ученици кои се запишаа во прво одделение на општинско ниво изнесува 66 ученика, од кои 55 се во ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ и 11 во село Русиново. Согласно програмата за образование Општина Берово им додели на сите првачиња по 5000 денари, средства кои се исплатени пред почетокот на учебната година.“ – вели Пеќевски.
Околу 45 ученици тргнаа прво одделени во општина Карбинци. Централното училиште „Страшо Пинџур“ и деветте подрачни училишта ги отворија вратите со цел првачињата да го започнат својот образоваен процес. Општината им додели по 3000 илјади денари, училишен прибор и ранчиња.
Пригодна манифестација за прием на првачињата се организираше денеска и во ООУ „Кирил и Методиј“ во Кочани. Бројот на првачиња е намален, ама овде радува фактот дека во погорните одделенија се враќаат ученици од странство.
„Имаме вкупно 84 првачиња и четири учителки. За жал овој број е намален за некоку ученици, но не радува фактот дека имаме многу повратници ученици во погорните одделнија кои се враќаат од странство.“ – вели Стојчева Јорданова.
Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов успешен почеток на учебната година им посака на сите ученици, од ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари.
Во Штип годинава се запишаа околу 410 првачиња во петте основни училишта, бројка идентична како и лани.
Лаура Стојанова М-Нет