Започна третото издание од манифестацијата „Пролетни денови на училишен спорт“ во Штип!

Започна манифестацијата „Пролетни денови на училишен спорт“ во Штип, нејзино трето издание, а која се спроведува од страна на Сојузот на училишен спорт на Штип во соработка со општина Штип.

Преку овој спортски настан се промовира спортот кај учиниците, вистинските здрави вредности кои треба да го трасираат патот на младите, вели градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов

Секоја година оваа манифестација се надополнува со нови активности вели претседателот на сојузот на училишен спорт на Штип, Зоран Арсов.

Во „Пролетни денови на училишен спорт“ се вклучени ученици од општина Штип од средните и основните училишта.

Ефектот од оваа спортска манифестација е голем, интересот од година во година за спротот е се поголем, а бенефит од истата имаат сите спортски клубови во градот.

Денес со натпревари во футсал во салата на Државното средно училиште „Коле Нехтенин“ започна манифестацијата „Пролетни денови на училишниот спорт“, а истата ќе финишира кон крај од месец мај.

Александар Ванев, М-Нет