
Со првите пливачи денес започна со работа затворениот базен во Штип, со што се овозможуваат далеку подобри услови за работа не само за пливачите, туку и за учениците од основните училишта, за сите деца кои ќе имаат можност да ги стекнат основните техники на пливањето, но и за сите рекреативци.
„Голема благодарност до општина Штип и градоначалникот што ни овозможија еден ваков прекрасен храм за да можеме да ги остваруваме нашите тренинзи. Денеска сме со членовите и учениците на „Димитар Влахов“ и членовите на училишниот спортски клуб. Се надевам дека овој храм ќе иднини генерации кои комплетно ќе се развиваат“, истакна Мицевски.
Термините за користење на затворениот базен ќе бидат познати веднаш после празниците.
„Термините планираме да почнеме со работа после празниците, а дополнително за термините ќе информираме дополнително“, дополни Мицевски.
Штипските пливачи сега ќе имаат значително подобри услови каде ќе се подготвуваат, тренираат и ќе имаат можност во иднина за уште поголеми резултати, а притоа затворениот базен ќе може да го користат и учениците, како и рекреативците.
Александар Ванев, М Нет