
Започнаа градежните активности на јужниот булевар во Кочани кој ќе се поврзува со експресниот пат Штип Делчево, ќе се работи на мостот на кочанска река со што ќе се олесни сообраќајниот метеж во градот, а ќе се работи и на изградба на катни платформи со помош на кои ќе се зголеми бројот на паркинг места во центарот на Кочани. Во наредната година ипол треба да биде завршен и водоводот со што ќе се реши значаен проблем, а ќе се намалат и трошоците на КЈП Водовод Кочани.
„Почнуваме со реализација на влезниот булевар, во вредност од два милиони евра и треба да биде завршен во наредните година и половина, потоа мост на кочанска река во вредност од некаде 350 илјади евра, како и довршување на водоводот“ -вели Николовски.
Во наредниот период ќе се работи на типските куќи, решавање на тешката финансиска состојба со КЈП Водовод, Кочани ќе добие нов олимписки затворен базен, старечки дом и слично.
„Речиси ни е готов проектот за еден затворен базен во Кочани, со што ќе добиеме еден олимписки базен. Во моментот веќе е распишан тендерот за реконструкција на цевководот за геотермалната вода со што ќе добиеме спа центри и ќе ја искористиме топлата вода“ – вели Грозданов.
Кочани инфраструктурно е приоритет и на Владата, со што се работи на реализирање на проекти кои би требало да бидат финансирани и завршени во наредните неколку години.
„Тоа се инфраструктурни проекти кои соодветствуваат на потребите кои ги добивме од страна на претходната локална администрација. “ – вели Мицкоски.
претходно започна и уредување на дворот на кочанската Општа болница, а етапно ќе се работи и во внатрешноста на болницата.
Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет