
Пуштена водата за наводнување на оризовите површини во кочанско Оризари, навремено ќе започне сеидбата на белото злато. Денеска од лице место министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, посочи дека оваа година се зголемуваат површините насеани со ориз и ова како што вели е во договор со земјоделците од овој регион. Доплнително додава дека цената на оризовата апра е зголемена и достигнува цена над 40 денари за килограми.
„После подолго години целото поле се сее со ориз, а оваа година се зголемуваат и површините со ориз. Имаме 200 нови хектари или вкупно 3700 хектари под ориз, а заедно со сите останати култури достигнуваме до површина за наводнување од 4200 хектари. Ваквото зголемување на површините под ориз се должи на успешните мерки кои ги креиравме заедно со оризопроизводителите во изминатите неколку години. Пред само неколку денови оризот конечно стана стратешка култура.“ – вели Николовски.
Во акумулацијата Калиманци има доволно вода, вели директорот на кочанската водостопанска подружница Брегалниц Кочани. Над 80% се исчистени и вадите и каналите, дециден е Богатинов со што сеидбата на оризот ќе почне навремено.

„Моментално во акумулацијата Калиманци има 106 милиони кубни вода, што е доволно за наводнителната сезона.“ – вели Богатинов.
Од утре ќе започне и пријавувањето за ИПАРД 3 програмата.
Лаура Стојанова М-Нет