
Од денеска започнува издавањето на лични карти за граѓаните на кои ќе биде впишано новото уставно име на државата Северна Македонија, информираат од МВР.
Со цел да се надминат проблемите со издавање на нови лични карти, Владата минатата недела донесе подзаконски пропис со Законот за лични карти и Законот за јазици, со кој се овозможува непречено издавање лични карти.
Издавањето лични карти со новото име речиси два месеци е блокирано со бројни амандмани на опозицијата во Собранието, поради што се уште не се донесени измените на законот за лични документи.
Претходно граѓаните и покрај тоа што поднесуваа за лични карти, се фотографираа и плаќаа за нови лични документи истите не ги добиваа поради собраниските лавиринти во коишто заглави предлогот за етничката графа во документите.
За пример само од 01 до 06 август годинава 4864 граѓани поднеле барање за лична карта .
Старите лични карти со натпис Република Македонија, на кои не им е истечен рокот, ќе важат најдоцна до 12 февруари 2024 година.
Лаура Стојанова М-Нет