
Започна акцијата на собирање односно заловување на уличните кучиња на територијата на Општина Штип, акција спроведена од страна на Здружението за заштита на животни – Штип во соработка со Ветеринарната станица Штип.Акцијата траеше од 8 до 11 часот на разни локации по улиците низ Штип. Кучињата пронајдени по улиците се заловуваат се кастрираат и се вакцинираат против беснило и чипирано. За денешната акција имаше претходно предупредување за сопствениците на домашни миленици да си ги чуваат истите дома, за да не дојде до ситуација и тие да бидат заловени.
Чувањето на домашни миленици бара посветена работа, нега и грижа од самите нивни сопственици, за тие да не бидат еден ден напуштено улицно куче скитник. Д-р Бреслиски, со апел до сопствениците на домашни миленичиња да се грижат за истите, а во пресрет на една потополна сезона навремено да ги заштитат од паразити.
Инаку, задолжително според Европските стандарди е при прошетка на вашето домашно милениче, вашето куче да се шета со проводник, со маска. Исто така доста важно а заборавено парвило е поседувањето на посебно кесе за изметот на вашето милениче, кое е практично и економично а ја зачувува чиста животната средина и не создава дополнителни зарази и несакани ефекти.
Лаура Стојанова М-Нет