Закажани одложените натпревари од Првата и Втората футсал лига

АРХИВА

Одложените натпревари од Првата и Втората футсал лига на Македонија поради големата трагедија во Кочани се закажани и истите ќе се одиграат за комплетирање на колото кое беше отворено претходната недела.

Во рамки на Втората футсал лига треба да се комплетира 16. коло, каде во понеделник Каршиака ќе игра со Конзули, а пак Овче Поле против Победа од Прилеп, додека пак во вторник Карадаку ќе игра со Кораби.

Од оваа коло се одиграни три натпревари. СЕЕ Университи со 10:4 го декласираше ССК Скопје, Балкан го доби лидерот Мал Ајак од Штип со 6:2, додека пак Кратово беше убедлив против Партизан Југ од Брвеница со 8:0.

Во Првата футсал лига треба да се комплетира 14. коло, каде во понеделник Железарец на домашен терен ќе игра против Клими од Кавадарци, Осогово во Крива Паланка против Бутел, а пак колото ќе се комплетира во вторник со мечот меѓу Кеги Моби и Јувентус Серава.

Од оваа рунда се одиграни два натпревари, Фроца со 10:3 го декласираше тимот на Црна Река, а пак Шкупи загуби од Проект со 4:6.

Александар Ванев, М-Нет