Задоволителен пазарен ден во Штип и за купувачите и за продавачите

Цените на производите на пазарот во Штип бележат благ пад, достапни се за граѓаните велат продавачите, додавајќи дека задоволни се од побарувачката и потрошувачката. За егзистенција не може да се зборува, но барем се вади некој денар за леб. Предвидувањата се дека цените дополнително ќе паднат наредниот петок.

„Благодарни сме сга за сега, има раздвижувачка, побарувачка и потрошувачка. Цените се малку пониски во однос на претходниот пазар, особено падна цената на доматот, се очекува да падне уште малку. Најмногу се бара овошјето“

И граѓаните се задоволни од цените на денешниот пазарен дел. Поевтино е од претходниот петок велат тие, но проблем се ниските примања. Но треба да се јаде и да се купи и овошје и зеленчук.

„Пазарот од некни малку поевтин, домати може и по 30 денари да се најдат, меѓутоа некни беше ужас. Денеска е подобро“

Првиот пазарен петок во месец август во Штип беше поприлично раздвижен. Сезонското овошје, доматот и пиперката се вројуваат во најабарани на денешниот пазар, од кој на еден начин задоволни се и купувачите и продавачите.

Лаура Стојанова М-Нет