
Завршен е третманот на лекување кај дел од повредените од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани. Станува збор за повредени млади лица кои биле со полесни повреди, и ја поминале реевалуцијата од страна на проширен тим специјалисти лекари од кочанската болница, но и клиничките центори во Скопје. Во тек е обработката на податоците, а според првичните проценки кај голем дел од повредените лекувањето е завршено. Директорката на Општата болница –Кочани, Катерина Паниќ Мирчевска, вели дека станува збор за повредните млади луѓе, кои биле краткотрајно во болница, односно биле со полесни повреди. Од страна на болницата биле повикани сите пациенти кои се јавиле на првата евалуација, но на реевалуацијата се одзавале 143 повредени.
„Тоа пак ќе речам е еден процес кој не престанува, следењето е континуирано и во однос на тоа како понатаму ќе биде следењето ќе биде согласно нивните потреби.“ – вели Паниќ Мирчевска.
Во кочанската болница во моментов на физикалната терапија се јавуваат од 20 до 30 повредени, а дел од пациентите кои се вратени на своите работни обврски или едукација на терапија континуирано одат и во болницата во Штип, но и во Градската болница 8 ми септември и во Козле во Скопје. Директорката на кочанската болница, Мирчовска вели дека за оние повредни млади луѓе, кои имаат потреба од корекции на лузните по нивното тело или лице во странство, ќе одлучува конзилум од лекари.
Инаку македонските здравствени власти во процесот на лекување и рехабилитација на повредните во пожарот во кочанската дискотека вклучија и лекари специјалисти по физикална терапија од Велика Британија, пластични хирурзи од Белгија, кои во текот на месецот и тие ќе направат повторна евалуација на повредните, за да се утврди какви насоки треба да се преземат. Се следи и сосотојбата на повредените со пулмолошки повреди од вдишувањето на чадот, дел од нив завршиле со лекувањето во Јасеново и какошто вели Мирчовска знаат дека доколку имаат било какви здравствени проблеми лекарите се тука за нив.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет