
Остварувањето на сонот на штипјани, односно изградбата на брана на река Отиња, еден од приоритетните цели на Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. За проектот за изградба на долгоочекуваната брана на река Отиња, направена е целосна техничка документација.
„Направивме проект кој доби градежно одобрение од Министерството за транспорт и врски и најважно обезбедивме средства. Во моментот тече тендерската постапка за избор на најповолен изведувач, оваа постапка ја работиме целосно транспарентно и заради тоа очекувањата се дека оваа пролет ќе се избере изведувач“ – истакна Бочварски.
Проектот за изградба на брана на река Отиња е доста значаен за штипјани. Она за што метчаеле 50 – 60 години, полека станува реалност. Повеќе не се поставува прашањето дали ќе се гради бидејќи тоа е решено, и да ќе се гради брана на река Отиња. Ова е проект кој ќе се гради две до две ипол години, и се очекува доколку нема дополнителни пречки се очекува да биде завршен. Изградбата на брана на река Отиња, но и актуелната состојба со патиштата во Истокот, процесот со гасификација проследете ги веднаш по вестите, од кабинетот на Министерот за транспорт и врски, Бочварски, само на програмата на М-Нет!
Лаура Стојанова М-Нет