На подрачјето на СВР Штип, во текот на изминатото деноноќие на 6 лица им се издадени решенија за изолација, а 15 потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се 120 контроли над лица во изолација и 71 над лица во самоизолација.
Забраната за движење не ја почитувале 20 лица, 10 се приведени, а од нив едно е малолетно лице и едно над 67 години, на останатите им се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Поднесени се 8 кривични пријави по чл. 206 од КЗ. Контролирани се вкупно 152 објекти. Во државен карантин спроведени се 2 лица. Информира СВР Штип.
