
ЖФК Кочани продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име кое доаѓа во тимот е искусната Марија Бојкова, која пристигна од редовите на второлигашот Билјанини Извори од Охрид.
Се работи за фудбалерка која и во минатото настапуваше за Кочани, па се враќа во добро позната средина за нејзе, а треба да биде големо засилување за тимот на Оливер Јовановски.
Низ кариерата покрај за Кочани и Билјанини Извори беше дел и од Плачковица, Атлетико, Шкендија и Габер од каде и ја започна кариерата.
Претходно, Кочани се засили со младите фудбалерки Софија Велинова, Вероника Коцева и Сара Горгиева.
Новата сезона во Првата женска фудбалска лига Кочани ја отвара против шампионот Скопје на гостински терен.
Александар Ванев, М-Нет