ЖРК Металург Автокоманда ја продолжи соработката со голманката Амра Терзиќ

Екипата на Металург Автокоманда за новата сезона има високи цели, а пополека го комлетира ростерот за новата сезона во женската Суперлига, но и за Европа.

Тимот од Автокоманда за следната сезона ја продолжи соработката со голманката Амра Терзиќ, откако двете страни потпишаа договор на една година.

Во новата сезона Металург Автокоманда има високи цели во домашното првенство каде ќе се бори за шампионската титула, а ќе игра во Европскиот Куп, каде ќе се соочи со Гореле, екипа од Турција.

За новата сезона Металург Автокоманда се засили со Симона Грујовска, Стефани Ристиќ, сестрите Бојана и Борјана Коцеви, Ивана Димоска, Софи Ѓоревска и Анастасија Величковска, а беше продолжена соработката со Марија Гугуљанова, Исидора Котевска, Сара Миновска и Анастасија Трпеска.

Минатата сезона Метарлуг Автокоманда заврши на третото место во женската Суперлига.

Александар Ванев, М-Нет