
Поранешниот директор на штипски „Исар“, Живко Тасев, не гледа злоупотреба на службената должност во сите набавки кои се направени за време на неговиот мандат. Набавката на метларката, како и сите други набавки кои се вршат за потребите на ЈП „Исар“, е согласно со Годишен план за јавни набавки усвоен од Управен одбор, вели Тасев.
„За оваа набавка е распишан тендер кој е спроведен согласно со законската регулатива како и сите други јавни набавки кои ги врши ЈП „Исар“. Јавната набавка е спроведена и реализирана од Комисија лиценцирана за спроведување тендерски постапки. Комисијата утврдила дека добавувачот ги исполнува сите критериуми од распишаниот тендер. Согласно со горенаведеното добавувачот е избран и набавката е реализирана.“ – стои во ставот на Тасев.
Ребека Спасова М-Нет