
Женско е првото бебе кое се роди во новата година и во КБ Штип. Во текот на вчерашниот ден во 17:55 часот на Одделението за Акушерство се роди првото бебе во 2024 година, со царски рез. Мајката е од Македонска Каменица и двете се во добра здравствена состојба. Бебето се родило 3345 грама и 49 сантиметри. Денеска првото бебе ќе го посетат и градоначалникот Иван Јорданов како и директорот на КБ Штип, доктор Ален Георгијев.
Инаку, првото женско бебе во Штип се роди на 1 јануари, 7 минути по полноќ во приватна установа.