Женскиот одбојарски клуб Младост УГД од Штип промовираше неколку квалитетни засилувања од дома и странство!

Женскиот одбојкарски прволигаш Младост УГД од Штип за новата сезона промовираше неколку нови квалитетни засилувања, со кои тимот ќе конкурира за висок пласман.

Во Штип ппристигна Тинатин Жгенти од Грузија, а која последно настапуваше во германскиот тим Фрезин на позицијата примач. 22-годишната одбојкарка е репрезентативна на Грузија, а со своето големо искуство ќе биде голем засилување за штипскиот тим.

Младост УГД се засили и со македонските одбојкарки Даниела Велинска и Кристина Лазаровска кои веќе се промовирани во новиот клуб. Велинска во Штип пристигна од редовите на Наковски Волеј од Струмица, со своето клупско и репрезентативно искуство Велинска е искусен техничар и ќе биде големо засилување за Младост УГД.

Во Штип беше претставена и Евгенија Димеска со која се надополнува позицијата среден блокер, а која доаѓа од екипата на Ускана од Кичево. Во низата на нови засилувања во Штип пристигна и Марија Батиниќ, станува збор за искусна интернационалка која потекнува од Босна и Херцеговина и која има настапувано за екипите на Гласинац од БиХ, Златибор од Србија, Неа Саламина Фамагуста од Кипар и Албатрос од Црна Гора.

Во новата сезона од Првата одбојкарска лига на Македонија ќе настапуваат осум екипи.

Александар Ванев, М-Нет