Еурофарм Пелистер слави над Охрид, Тиквеш во борба за Купот, Вардар како брз воз во Радовиш!

фото: М Нет-ТВ

Денес се одиграа натпреварите од ракометниот Куп на Македонија во машка конкуренција.

Во рамки на групата 1 која се одигра во Кавадарци Тиквеш славеше над Еурофарм Пелистер 2 со 23:26, а пак Прилеп загуби од Мулти Есенс со 23:27, а во финалниот меч Тиквеш го доби Мулти Есенс со 32:28.

Во групата 2 која се одигра во Кавадарци Бутел Скопје ја доби Струга со високи 24:18, а пак Алкалоид со 48:28 го доби Вардар Неготино, во финалниот меч кој се игра денес ќе се соочат Бутел Скопје со Алкалоид.

Во групата 3 немаше организатор, а во рамки на истата Пролет беше декласиран од Голден Арт со 22:32, додека пак Вардар како брз воз го помина Радовиш со 21:42 во СРЦ „25-Мај“. Финалниот меч се игра денес меѓу Вардар и Голден Арт.

Четвртата група се играше во Охрид, каде во првиот меч „гладијаторите“ со 40:24 го „стопија“ Скопје, а во вториот меч Еурофарм Пелистер со 40:21 го „збриша“ Куманово. Во финалниот меч Охрид претрпе пораз од Еурофарм Пелистер со 25:32.

Во редовите на Охрид најдобар беле Гал Цирар со шест гола, кај Еурофарм Пелистер Филип Кузмановски со осум гола беше најефикасен, а пак Богдан Радивојевиќ постигна седум погодоци.

Александар Ванев, М-Нет