
Енергетската криза кја удри директно врз граѓаните и државата е затоа што е недоволно домашното производство на електирчна енергија. Ако во изминатите 30 години се работело на оваа поле, денеска кризата немаше да биде толку голама, дури повеќе забележителна и од ковид кризата. Азески посочува дека треба во државата повеќе да се произведува електирчна енергија.
„Кај нас во делот на енергетиката увозната зависност од 50% не е променета 31 година. Веројатно заради недавање приоритет на тие инвестиции кои требаше да одат кон тој сектор. Тоа е лош пример и кризата не удри да ни покаже дека не можеме така да се однесуваме. Сега треба да знаеме дека државата мора да има решение, решението се наоѓа во сопственото производство оти е најевтино и најзначајно за компаниите и да има фонд за такви удари коишто ќе може да се интервенира“ – вели Азески.
Во меѓувреме од Влада денеска потенцираа дека ценовен шок за граѓаните нема да има. Цената на струјата се субвеницонираше во текот на целата грејна сезона, велат така ќе биде и во наредниот период. Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека Владата заради економичното работење и кратење на сите непотребни трошења успеа да ги исплати финансиските средства кон добавувачите на електрична енергија за сите долгови кои постоеја во минатото, а беа натрупани заради неплатена електрична енергија, но и заради зголемените цени на струјата во текот на изминатите две години.
Лаура Стојанова М-Нет