Екипата на Брегалница во овој викенд ќе брка изненадување против Шкендија во Тетово

Фудбалските прволигаши по мала пауза се враќаат на зелените фудбалски терени со настап во редовното 14 коло. Екипата на Брегалница која засега е на 4 место на табелата со 22 бода ќе води жестока борба со петопласираниот тим на Шкендија кoj собра 21 бод. И двете екипи ќе сакаат да се задржат на врвот, Брегалница ќе игра растеретено во гости, додека пак Шкендија воопшто не наликува на минатогодишен шампион. Брегалница во минатото знаеше да ја изненади Шкендија во моментите кога таа била на врвот и тоа дава надеж дека сегашниот играчки кадар на чело со Марјан Секуловски да се обиде да изненади. Еве ги комплетните двојки за ова 14 коло:

сабота 20.11 2021 г

  1. Скопје – Македонија ЃП

недела 21.11.2021 г.

2. Струга ТЛ – Работнички

3. А. Пандев – Тиквеш

4. Шкендија – Брегалница

5. Шкупи – Пелистер

6. Борец – Ренова

Сите натпревар ќе започнат со почеток во 13.00 часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk