
Еднократна парична помош и годинава ќе добијат новозапишаните првоодделенчиња, учениците кои ќе започнат прва година средно образование, студентите запишани на државните универзитети, како и семејствата со новороденчиња во Општина Карбинци. За учениците и студентите поддршката изнесува по 5.000 денари, додека за новороденче се предвидени 10.000 денари. Градоначалникот Виктор Паунов рече дека со овие мерки се продолжува со поддршката кон граѓаните, особено во периодот кога започнуваат трошоците поврзани со новата учебна година.
,,Општина Карбинци продолжува активно да ги спроведува мерките кои што ќе значат поддршка кон граѓаните. Се работи за ние познати мерки кои што ги спроведуваме пред месец септември или на почетокот на учебната година, а тоа се подршката кон учениците во повеќе категории, се работи за финансиска еднократна помош или поддршка за новозапишаните првоооделенчиња во висина од 5 000 денари. Понатаму за средношколците во прва година исто така 5000 денари еднократна помош, како и за студентите кои што се на државен универзитет од државата исто така 5000 денари. Имено овеи средства ги зголемивме од претходната година. Претходно беа во висина од 3000 денари, а веќе планираме од следниот буџет оваа мерка да достигне до 8000 денари по ученик. И една исто така важна мерка до родителтие кои што добиваат принова или новороденче имаат можност од Општина Карбинци да добијат 10 000 денари еднократна помош. Ова го говорам во пресрет на месец септемвр и во кои што ќе започне учебната година, ќе зпаочнат и оние торшоци и затоа се важни овие мерки.“, вели Паунов
Покрај помошта за учениците и семејствата, од септември во Карбинци ќе стартува и нова мерка за субвенции за пелети за огрев. Од општината најавуваат дека со ова ќе им се помогне на граѓаните полесно да ги покријат трошоците за греење во претстојната сезона.
,,Од недомана најавивме дека од месец септември ќе следат и нови мерки и субвенции по основ на пелети за огрев и оваа мерка ќе зпаочне со имплементација од месец септември и ќе се реализира до крајот на оваа буџетска година со што очекувам низ овие мерки, општината да врати дирекно кон граѓаните или поддршка на некој начин.“, додава Паунов
Очекувањата се дека овие мерки ќе им помогнат на дел од семејствата полесно да се справат со трошоците од септември.
Иван Митев, М-Нет