
Шок на касите во маркетите, една цена на рафт, друга при плаќање. Граѓаните револтирани, велат дека секојдневно плаќаат повеќе од прикажаното. Разликите во цените достигнуваат и по неколку денари за ист производ, а купувачите се чувствуваат изманипулирани.Наместо попусти и акции, ги чека непријатно изненадување на сметката. Незадоволството расте, а довербата во маркетите е се помала.
Ваквите случаи кај штипјани лесно не минуваат, производите им ги враќаат и заминуваат да пазарат во некој подобар маркет.
Купувачите се повеќе внимавaт на цените и ја проверуваат сметката пред да заминат од маркет. Разликите во цените ги остава вознемирени штипјани и потсетува дека вниманието е најдобрата заштита.
Иван Митев, М-Нет