
Фудбалскиот клуб Работнички официјално го потврди враќањето на Егзон Белица во своите редови, со што скопскиот прволигаш добива големо и значајно засилување во дефанзивната линија пред продолжението на сезоната.
35-годишниот дефанзивец доаѓа од редовите на Шкендија, каде што настапуваше во изминатиот период, а ова за него претставува камбек во клубот во кој веќе има настапувано. Белица е добро познат на навивачите на Работнички и важи за еден од поискусните стопери во регионот.
Во текот на својата богата интернационална кариера, Егзон Белица има настапувано за повеќе клубови во Европа, меѓу кои Работнички, Охрид, романската Конкордија Чајна, финскиот Интер Турку, летонскиот Рига, како и за албанските гиганти Партизани Тирана и Шкендија, a беше дел и од косовска Приштина. Со тоа зад себе носи искуство од неколку различни лиги и натпреварувачки системи.