
На помошниот терен на градскиот стадион во Штип од 4 до 6 јули, под отворено небо ќе се реализира Д Фестивал. Фестивалот за првпат се организира во Штип, а годинава е со хуманитарен каракрет односно преку Супорт Кочани сите средства ќе бидат наменети за настраданите од пожарот во дисктеката Пулс. Влезот за сите ќе биде бесплатен, со можност да се донира преку купување он лајн карти по цена од 1500 денари.
„Годинава Д фестивал ќе се одржува како хуманитарен фестивал и целосно ќе биде посветен на инцијативата Супорт Кочани. Влезот за посетителите годинава за сите ќе биде бесплатен, но ќе постои таканаречен хуманитарен билет кој од денеска ќе биде достапен за сите, а средствата ќе бидат на Супорт Кочани.“ – вели Евго.
На овогодинешното издание на Д фестивал ќе се престават над 30 изведувачи од земјава и странство. Ќе има поставено две сцени на помошниот терен на градскиот стадион во Штип и се очекува голем број посетители од државата и странство.
Општина Штип е со обврска да обезбеди електрична енергија, вода и локација за самиот фестивал. Сите сместувачки капацитети ќе бидат ставени на располагање на гостите од страна, бидејќи оваа година нема да има кампинг зона.
„Д фестивал ќе додаде вредност преку богатата културно – забавна програма. Штип е град кој има богата забавно кулчтурна програма во текот на целата година, а Д фестивал го започнуваме како новитет од оваа година и сум сигурен дека ќе го привлече вниманието на илјадници гости од страна“ – вели Јорданов.
Д Фестивал првпат се одржал 1 август 2011 година во Дојран, со 12 артисти и 950 посетители, тогаш без волонтери и организации. Во 2024 година на Д Фестивал учествуваа 320 музичари нашест сцени од 17 земји. Дел од вестивалот беа 120 организации и исто толку волонтери. Ова е единствен фестивал од ваков тип во државата и тенденција е годинава да се надминат сите поставени рекорди.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет