
Од пет до 10% се бележи намалување на производите согласно есенската потрошувачка кошничка, посочи денеска министерот за труд и економија, Бесар Дурмиши, на отчетот 100 дена Влада. Најголемо намалување на цените има кај млечните производи, местото и зеленчукот. Во зависност од начинот на изарана и маркетите од каде се пазарува, едно четиричлено семејство може да заштеди од 690 до нешто повеќе од 1300 денари месечно.
„Првичните анализи од терен покажуваат дека цените на производите од есенската кошника се намаелни во просек од пет до 10%, при што кај некои производи намалувањето на цените е помало, но кај други производи истото е значително големо, на пример месо, млечни производи, зеленчук, сирење. Се очекува намалувањето да биде уште поголемо имајќи го во предвиде намалувањето на цените во трговијата на големо.“ – вели Дурмиши.
Дополнително намалување на цените на производите се очекува до крајот на овој месец, бидејќи на сила стапи и Законот за нефер трговски практики, посочи Дурмиши. На ваков начин се работи на подобрување на стандардот на граѓаните со намалување на цените на производите.
„Во оваа насока, стапи на сила и на Законот за нефер трговски практики со кои се ограничуваат и дополнителните трошоци за 2500 прехрамбени производи со што се очкува намалување до крајот на месецот.“ -додава Дурмиши.
Во наредниот период ќе се вршат и редовни контроли во маркетите со цел да се провери колку се почитуваат донесените мерки од страна на Влада. За секое непочитување ќе следуваат соодветни казни.
Лаура Стојанова М-Нет