
Бројот на заразени и хоспитализирани ковид пациенти во општините од Истокот држи статус кво, ама на високо ниво. Имено во болницата во Штип има слободни од четири до пет кревети во изминатите неколку денови во континуитет. И покрај фактот дека во последните 24 часа нема новопримени пациенти, а испишани се двајца сепак бројката на хоспитализирани е висока. Впрочем, на болничко лекување се 63 пациенти од кои 56 на Инективното одделение и седум на Кожното, а на дневна амбуланта се осум. 68% имаат потреба од кислородна поддршка, односно 43 пациенти се приклучени на апарати за дишење, а 18 лица се вакцинирани. Во последното деноноќие битката со невидливиот непријател ја изгубило едно лице и слободни се седум кревети за ковид пациентите од кои четири на Инфективното одделение и три на Кожното, информираше портпаролот на Клиничка болница штип, Марина Шуманска.
И во кочанската болница забележан е благ пораст на бројот на хоспитализирани пациенти, односно на болничко лекување на Интерното одделение се 18 пациенти, вакцинирани се четири лица, а исто толку се на кислородна поддршка. Во последните 24 часа новопримени се три лица а испишано само едно. Слободни се девет кревети, информираат од кочанската болница.
Во општините од Истокот моментално активни се 829 ковид случаи од кои најмногу во Штип 257 и во Кочани 233. Троцифрена е бројката на активни случаи и во Делчево односно активни се 108 ковид случаи. Во останатите општини од Истокот бројката е двоцифрена, освен во Пехчево каде има само три активни случаи.
Според информации од Министерството за здравство заклчуно со вчера во земјата се направени вкупно 1.418.655 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 207.998, бројот на оздравени пациенти е 192.370, на починати е 7.294, а бројот на активни случаи изнесува 8.334.
Лаура Стојанова М-Нет