До кога чадот од кочанската „Пејпер мил“ полека ќе ги убива граѓаните на оваа општина?

„До кога ќе не молат да паднеме на нивно ниво, хулиганство, и да идеме да им ги скршиме главите и основните средства што ги имаат…“ – Благица дел од пртестот во Кочани.
Поплаки, револтираност, и слика во која се гледа очајната борба на граѓаните на Општина Кочани да се стави крај на загадувањето од чадот на оџаците на фабриката „Пејпер мил“. Четврти протест по ред, и милион желби да се дише чист воздух.
„Нема никаква сентименталост со вработените во фабриката. Точно е дека имаат фамилии меѓѕтоа сите имаме фамилии. За да гори така оџакот мора некој нешто да стави во таа печка“ – беше дел од изјавата на Крстевски, на протестот во Кочани.
Оваа фабрика цели 2 години ги труе жителите на Општина Кочани. Особено во приквечерните часови кога чадот од оџакот може да се види и со голо око, а миризбата претерано се чувствува. Денеска на протестот граѓаните порачуваат дека ова е последен протест на мирен и културен начин да се бара прекин на работата на фабриката на непрофесионален начин. И граѓаните кои заради оправдани причини не успеале да бидат дел од овој протест во целост го подржуваат истиот.
Последниот инспекциски надзор кој што беше спроведен во „Пејпер мил“, исходи со предлог казна од 20 илјади евра и поставување на филтер на оџаците. Но, препораките останаа само препораки, а чадот продолжи полека да ги убива жителите. Останува да се види само исходот од денешниот протест.

Лаура Стојанова М-Нет