
Закани, страв и трепет за жителите од населба „Трајаново трло“ Кочани. И по неколку спроведени протести, апели до институциите, барање помош, надлежните си играат пинг понг, префрлувајќи ја вината од една на друга страна. А граѓаните оставени сами на себе да бараат решение за спас на нивните домови објекти, но и заштата на нивната безбедност. Од една страна по видеото ставено на социјалните мрежи на кое се гледа извршување на кривично дело „насилство над дете“ од СВР Штип излегоа со податоци дека кривична пријава следела за 9 лица, со кои е извршен и разговор.
„Во врска со случајот „насилство врз дете“ за кое постои и снимен материјал, кој што се споделува на социјалните мрежи ОВР Кочани во координација со ОЈО ќе поднесе кривична пријава за кривично дело „насилство врз дете“ а за кое се индетификувани девет лица со кои е извршен службен разговор.“ – истакна Потпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова.
Од друга страна пак, по социјалните мрежи кружи и ново видео со кое се шират закани за жителите на населба „Трајаново трло“ Кочани, од страна на таткото на малолетното дете врз кое се изврши делото насилство над детев. СВР Штип со кривична пријава и за 36 годишниот кочанчанец кој со пиштол и нож им се заканува на своите сограѓани.
„Во врска со видеото кое се споделува на социјалните мрежи, а на кое се гледа како лице со пиштол и нож упатува сериозни закани од страна на СВР Штип веднаш се преземени мерки за индетификување на лицето д видеото, при што е утврдено дека се работи за 36 годишниот А.И. од Кочани татко на детето врз кое е извршено насилство“- кажа Панајотова
Жителите од населба „Трајаново трло“ со писмо испратено до медиумите бараат да престанат овие немили настани и случки со кои се соочуваат секојдневно.
„ Замислете живот во кој не можете да заспиете навечер или постојано се будите при најмал шум мислејќи дека разбојник ви влегол во куќата и можете да настрадате. Можат ли почитуваните припадници на полицијата и ЈО во Кочани барем да замислат како изгледа една таква ноќ помината во страв и неизвесност. Уште колку немили настани треба да поминат за конечно да излезат во заштита на нас граѓаните и да ги искористат мерките притвор и најстрого да ги осудат насилниците и разбојниците? Треба ли човечеки живот да биде загубен за ние конечно да добиеме правда? Доста е. “- стоеше во нивното писмо.
Од СВР Штип пак убедуваат дека полициската контрола е засилена, се преземаат потребните активности и дека нема да дојде до загуба на човечки живот.
Лаура Стојанова М-Нет