До каде е истрагата за сомнителниот влез на српската медиумска машинерија во Македонија?
Да не биде ова уште еден блеф и стандардна лага на Мицкоски за смирување на јавноста, прашуваат од СДСМ.
„По предупредувањата на македонските телевизии и реакциите на СДСМ беше соопштено дека Финансиската полиција отворила предмет, а АВМУ ја запрела постапката. Но, што се случува оттогаш? Дали институциите навистина истражуваат? До каде е предметот? Што е утврдено досега?
Или Мицкоски само купува време додека јавноста заборави“.
СДСМ, посочуваат од партијата, внимателно го следи случајот. Нема да дозволиме, велат од таму, мачкање очи и затворање на предметот во фиока.
„Со месеци СДСМ предупредува дека Мицкоски, по рецептот на Вучиќ, се обидува да воспостави медиумска контрола и во Македонија.
Преку Еуроњуз и Ало, српската медиумска машинерија влегува во земјата на начин за кој се отворија сериозни сомнежи дека се заобиколуваат македонските закони.
Задолжените за пропаганда се веќе спремни, Началникот Латас и Ивона Талеска.
Кога нема резултати, кога нема пари во Буџетот, нема подобар живот, а европската перспектива се блокира, на власта ѝ е потребна пропаганда.
Да нема критика. Да нема незгодни прашања. Да нема одговорност.
Да има само пропаганда и контрола“.
СДСМ потенцираат од таму, отсекогаш се борел за демократско општество, слободни медиуми и слобода на говорот.
„Даваме целосна поддршка на независните медиуми и новинари во Македонија.
Ние веќе еднаш се боревме против медиумскиот мрак, во 2015 година.
Нема да дозволиме Македонија повторно да се врати во времето на Груевски“.
Текстот До каде е истрагата за влезот на српската медиумска машинерија, да не биде лага од Мицкоски, прашуваат од СДСМ е превземен од МАКФАКС.