
Доцни сеидбата на житните култури во штипско – карбинскиот регион. Неповолните временски услови, сувото време и тврдата почва се најголемиот проблем продаи кои сеидбата уште не е почната вели Потпретседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Гоце Серафимов. Иако како што вели Владата во неколку наврати помагала сепак земјоделците се незадоволни па дел од нивите ќе останат непосеани.
„Во тек е сеидбата ама уште не е ниту почнала. Временските услови се многу непогодни, нема дожд, тврдо е и е проблем малку. Проблематична е ситуацијата и ќе остане сигурно некој дел ненасеан затоа што оваа година цената на јачменот и пченицата беше многу евтина. Државата помага околу таа работа, дава субвенции ама цената е многу ниска и има многу незадоволни земјоделци, плус и временските неприлики се многу лоши и затоа сеидбата не е започната се уште.“ вели Серафимов.
Како Асоцијација на земјоделци се уште разгледуваат какви барања ќе има до Влада, со цел да се привлечат нови млади земјоделци кои ќе работат и произведуваат. До 10 ноември треба да се исплатат и трите денари субвенции за земјоделците.
Од друга страна, ниската цена на јачменот и житото ја задржува непроменета цената на свиснкото месо, ккоја до Нова година би требало да остане непроменета.
„Треба да остане стабилна цената досегашна, оти цената на житарицата не е качена, дури е пониска за разлика од ланската година и не би требало да има покачување.“ -додава Серафимов,.
Прашан дали во карбинскиот регион се стабилизираше ширењето на африканската свинска чума, Сарафимов со одговор дека по појавата на фармата во село Таринци, нов случај не е регистриран на ниту една фарма во овој регион.
Лаура Стојанова М-Нет