Дополнителни автобуски линии и бесплатен превоз утре во Штип за погребот на петтмината од пожарот

Со оглед на најавеното изложување на телата на трагично починатите лица во Светите храмови на утрешниот ден од 09:00 – 11:00 часот и погребувањето на лицата од 12:00 часот, за овозможување на присуство на сите лица кои ќе оддадат последна почит на изгубените животи, освен редовните линии и термини кои веќе функционираат на предвидените стојалишта и локации, ЈП Стипион ќе воведе дополнителни линии на јавен автобуски превоз, кој за утрешниот ден ќе биде целосно бесплатен за сите граѓани.

Дополнителната линија Три Чешми – Чардаклија – Дом на култура – Градски гробишта ќе се одвива според следните термини на поаѓање:

Кампус 4 – 08:30 ; Три Чешми – 08:35 ; Чардаклија – 08:45 ; Балканска – 08:47 ; нас. Македонка – 08:50 ; Железничка 08:52 ; ЕМУЦ – 08:55 ; Дом на култура – 09:05 ; Ново село – 09:10 ; Градски гробишта – 09:15.

Дополнителен број на возила во 11.00 часот со поаѓање од автобуското стојалиште пред Домот на културата и автобуското стојалиште во Ново Село (кај Јаворот) граѓаните ќе се превезуваат до Градските гробишта.

Враќањето од Градските гробишта е во 13:30 часот од истата локација на оставање на патниците и од автобуското стојалиште пред ДСУ „Искра“.

Редовните линии кои се истакнати во возниот ред на ЈП Стипион 2011 ќе се одвиваат во предвидените термини.

Се замолуваат граѓаните на разбирање и толеранција во однос на можните доцнења на редовните временските термини поради очекуваниот сообраќаен метеж во централното градско подрачје.