Дополнета тарифата за такси услугата во Штип, за ноќно возење, возење за време на празник или недела

Дополнета тарифата за такси услугата во Штип, за ноќно возење, возење за време на празник или недела. Согласно одлуката донесена на последната седница на Советот на Општина Штип на 29 декември минатата година, се измени и дополни одлуката за авто такси превозот на патници на подрачјето на Штип. Дневаната тарифа и понатаму останува иста, 70 денари старт, 25 денари за секој изминат километар и 300 денари се наплаќа за чекање еден час.

Но, за ноќно возење од 22 до 5 часот, во рамки на општината ќе се наплаќа по 90 денари старт и 25 денари за секој изминат километар.

За празник или недела пак почетната цена на такси услугата е 100 денари со 25 денари за секој поминат километар.

Стартната тарифа кон друга општина или градот Скопје, ќе почнува со 70 денари, плус 50 денари за секој изминат километар.

Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет