
Донација пијанино доби ДМУЦ Сергеј Михалов од страна на фамилија Божинови од Штип. Пијаниното од денес за учениците ќе биде од голема важност за да тие дополнително ги надоградуваат своите знаења. в.д Директорот Илија Ќосевски упати голема благодарност до фамилијата, кои што несебично помогнаа да се збогати фондот на инструменти во самото училиште.
“Чест и задоволство ни е да го најавиме новото наше, односно донирано пијанино од страна на фамилијата нашиот добро познат штипјанец д-р Ванчо Божинов. Сакам огоромна благодарност да упатам до неговата фамилија, неговите синови, Даниел и Оливер, кои што несебичќно помогнаа во нашето образование и кој што дадоа голем допринос со ова нивно дело. Се надевам дека во иднина сите наши сограѓани ќе излезат во пресрет и нивните неискористени можеме да кажеме инструменти можат слободно да ги донираат, доколку им се во неупотреба, а ние со сигруност во нашето училиште ќе ги реобновиме и ќе ги користиме.“, вели Ќосевски
Пијаниното е здраво и истото е во употребата, а училиштето го збогати својот фонд на инструменти, кои што се во корист на учениците, вели професорот Александар Димитров
Инаку она што го велат од самото училиште е тоа дека името Ванчо Божинов ќе биде долго запометено по неговиот хуманизам, а како стапките на фамилија Божинови тие се надеваат дека ќе има и во иднина не само во ова училиште, туку и во државата.
Иван Митев, М-Нет