
Домашни свежи јајца пред Велигден под цена од 15 денари продава Драги од овчеполско Амзабегово на пазарот во Штип. Од своите 60 кокошки, тој заработува солидни пари, со кој успева да преживее во денешницата. Само денеска за еден ипол час тој продал 250 зерна јајца, на своите редовни муштерии, кои секој петок од него купуваат ем тазе свежи, ем квалитетни. Разлика од оние од фарма и од домашните е голема, вели тој, а тоа се забележува уште по самиот изглед. Домашните ќе рече Драги, подобро се васуваат пред Велигден, а на вел четврток.
Драги Амзабегово
,,Имам околу 60 кокошки, пуштени, сами си пасат, а ако се затворени нема да е во ред. Имам си редовни муштерии. Цената е 13,14 и 15 денари. Разликата е овие во фармата што ги продаваат, тие се 10-12 јајце, а вие што ги даваме 15 се селки јајца. Домашните се пасуваат подобро, тоа е докажано. Ги хранам пченица и трава што кцкаат. Исплаќа се, но никој повеќе не сака да работи.
И лето и зимоДраги везден е на тезга во Штип, доверба му имаат штипјани со години од него да пазарат. Но, покрај јајца, тој продава и злеена салата, кромид, лук, а летото и домашни домати и пиперки. Вели од работа, нема срамота.
Беа околу 250 по 15 денари најниска цена тоа се 14 000. Ги продадов за саат време, ама јас си имам стални муштерии. Јас сум овде и лето и земо. Сега не зимаат само една табличка, туку 30,50 зрна. Самата боја е различна. Овие се бели убави. Разликата е многу голема.
Инаку Драги од ова светиниколско село, останува да инспирира со својата умешност да се снајде да обезбеди солиден живот во овие тешки времиња.
Иван Митев, М-Нет