
Домашната ракија „Ораховка“, лек за сите настинки на штипјани. Ја приготвуваат на лесен и едноставен начин со мед, ракија и 40 зелени ореви, а за да истата започне да дејствува е потребно да поминат само 40 дена. Лекови користиме само ако ситуацијата е отежнета, вела анкетираните пред камерите на М-нет телевизија и додаваат дека согласно сезонските вакцинации, тие речиси нема да ги практикуваат.
“Сигурно 10 години има од кога сум стара , јас ораховка пијам по малку на сабајле, доколку започне да бе боли грлото и веднаш престанува самата болка.”, истакнаа граѓаните
“Епа чајче, це витамини, природно, ако е потешко , нормално дека ќе се оди на лекар.”, велат граѓаните
Повозрасните од 90 годишна возраст велат дека домашно овчко кисело млеко, пресно млеко и сирење се резултат за здрав живот, по што и ден денеска тие се крепат од нив.
Согласно со ситуацијата, покрај што домашното лекување знае да биде корисно кога станува збор за лесна настинка, сепак лекарите советуваат на внимателност и да не се конзумираат лекови на своја рака, бидејќи многу често знае да се дојде до компликации.