
Доделени признанија на крводарители со 50, 75 и 100 крводарувања во Штип. Истите беа доделени од страна на градоначалникот Иван Јорданов, кој како што рече доделувањето на признанијата е да се мотивираат крводарителите да продолжат по тој пат, но и да мотивираат млади луѓе да бидат хумани и тие да донираат крв, за да се спаси нечиј човечки живот.
,,Оддавајки го тоа признание, сакаме да ги мотивираме да продолжат по истиот пат, но исто така и да мотивираме уште многу други наши сограѓани, да го следат тој пат, затоа што е вистинскиот. Тој кој овозможува да се спасуваат години. Очекувам да се организираат и понатаму многу крводарителски акции, преку кои што ќе се соберат крвни единици за да се спаст повеќе човечки животи. Како локална самоуправа, секогаш стоиме во насока на воспоставување.“, вели Јорданов
Трансфузилогот Мери Шорова од Центарот за трансфузиона медицина –Штип вели дека лани имале стабилен прилив на крводарители, а особено радува фактот што се зголемува бројот на редовни крводарители.
,,Во изминатата 2025 година имавме стабилен и континуиран прилив на крводарители. Особено радува фактот што се зголемува бројот на редовни крводарители, но мотив и цел и мотив во 2026 та ни е да го зголемиме бројот на првократни дносно млади крводарители, ученици, студенти да се вклучат на оваа хумана мисија. Овие награди се признанија за нивната хуманост, солидарност, за нивното чувство дека треба да се помогне некому.“, рече Шорова
Секретарот на Црвен Крст-Штип, Деспина Димитровска на денешното доделување на признанијата на крводарителите истакна дека за да се мотивираат млади за дарување на крв, дополнително се организираат мотивациони предавања во средните училишта, од страна на врснички едукатори на Црвен Крст-Штип и Центарот за трансфузиона медицина.
,,Доколку се осфрнеме на годината која што е позади нас, можеме да кажеме дека белиежиме значително високи резултати на полето на крводарителството, односно имаме 2897 крвни единици, кои што се реализирани минатата година.“, кажа Димитрова
Настанот се одржа во Општина Штип, а на истиот присуствуваа 10 тици крводарители, претставниците на општината и на КБ Штип
Иван Митев, М-Нет