Доделени грантовите за 32 невработени лица од Штип за мерката самовработување

Во Штип врачени грантовите за мерката поддршка за самовработување. Со мерката во Штип се опфатени 32 невработени лица, од кои десет се млади лица до 29 години, а 11 се жени. Кандидатите коишто ги имаат исполнето критериумите на мерката од денеска ја добиваат можноста да го остварат својот бизнис план.

„Тука сме како Министерство, тука е Агенцијата за вработување, преку нови мерки што можете понатаму да ги користите. Да планирате и идни мерки коишто ќе бидат креирани за приватниот сектор, да може да ги користите и да го зголемувате бројот на вработени во вашите компании. Ова е оперативен план којшто ќе покрие околу 15.000 лица, самиот е поддржан од буџетот во износ околу 30 милиони евра.

Според директорот, Беким Мурати, Агенцијата стои на располагање за сите овие мерки. Според досегашните статитстики, за 2021/2022 година речиси 95% од бизнисите коишто биле отворени опстојуваат, па дури и се прошируваат.

„Тоа ќе им биде од помош на сите невработени лица, што побрзо да се вклучат во пазарот на трудот“, вели Мурати.

Претходните искуства од мерката покажале дека корисиците се задоволни, па Министерството и во наредниот период е во исчекување на позитивните приказни кои треба да мотивираат и други граѓани за користење на мерките.

Ребека Спасова М-Нет