
На површина од речиси 10 илјади метри квадратни Штип го изгради првиот Дино парк, кој се наоѓа во паркот Кртеке, во блзиина на Зоолошката паркот Бриони.
Поставени се педесетина експонати, од кои дваесетина се виртуeлни диносауруси кои реагираат на сензори се движат и при тоа испуштаат крикови.
Ова за граѓаните од Штип, регионот но и државата, преставува вистинска атракција и затоа викендов се бележеше и голема посетеност.
Целиот парк, заедно со сите придружни објекти, патеки, комплетното уредување и осветлување, беше завршено во изминатиот период. Диносуарусите и останатите придружни објекти се набавени и изградени од економскиот оператор кој го добил тендерот за овој проект.
Во Дино паркот има пешачки патеки, лулашки и игралишта за баскет, а во негова близина е новоизградениот зимски базен и Зоолошката градина која се отвори пред десетина години. Според општинскиот план, кон месноста Суитлак во план е да се изгради адреналинска патека.
Ваков Дино парк е изграден во 2021 во Скопје, во Зоолошката градина.
Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет