ДЗС: Покачување на цените во угостителството за дури 3,8 отсто – јадењето во ресторан станува луксуз

За 3,8 отсто поскапеле услугите во угостителството во септември 2026 година во споредба со истиот месец лани, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Поскапувањето се надоврзува на растот на трошоците за живот, а за граѓаните јадењето во рестораните станува сè поголем трошок, поради што за многумина излегувањето на ручек или вечера полека се претвора во луксуз.

Во првите девет месеци од годинава, угостителските услуги поскапеле за 3,1 отсто во однос на истиот период лани, а во споредба со декември 2025 година растот изнесува 1,5 отсто. Граѓаните велат дека високите цени го менуваат и начинот на кој ги планираат своите трошоци, па јадењето во ресторан за многумина станува ретка појава, која не секој може да си ја дозволи.

Ева Тушевска, М-Нет