Децата повредени од пожарот во Пулс со можност за домашна настава, МОН ќе прави анализи

Доколку има потреба повредените деца од пожарот во „Пулс“ да следат настава во домашни услови тоа дефинитивно ќе се овозможи, истакна денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Кажа дека летниот период ќе се направат соодветни анализи колку од повредените деца не завршиле трета и четврта година и ќе им се овозоможи тоа да го сторат или во домашни услови или он лајн.

„Од септември ќе се потрудиме и тие од Кочани, иако јас не сум сигурна дека се многу тие деца. Децата што завршуваат четврта година дел веќе полагаа матура, мислам дека едно до две дечиња се оставени сега да полагаат. Сега е лето ќе направиме анализа доколку има потреба дефинитивно ќе бидат вклучени.

Таа најави и воведување формално образование на децата болни од канцер, со цел да продолжат да се едуцираат. Тоа може да се спорведува во болнички услови, но и во домашни услови со посета на наставникот доколку за тоа има соодветни можности.

„Тоа ќе се одвива на два начини, со он лајн настава кога овие деца ќе бидат вклучени во нивното одделение со нивните наставници за да го стекнат потребното знаење, или пак заедно со наставникот кој ќе биде определен за тоа ќе добијат посебна едукација. “ – додава Јаневска.

Нагласи дека придобивката од проектот е повеќекратна и дека децата ќе почувствуваат емпатија од училиштето, од нивните другарчиња и наставниците. 

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет