
Нови детски реквизити донација од бугарската Амбасада доби детската градинка Астибо во Штип. Со реализација на овој проект децата добиваат нови играчки кои ќе може да се користат во иднина, а е дел од проектот за развој на државата помогнат од бугарската Амбасада.
„Ова е донација или гранд од страна на Амбасадата на Република Бугарија кон нашата градинка, и станува за гранд од вкупен Буџет од 59 740 лева или некаде околу 35 илјади евра за што ние како град и градинка сме многу благодарни. Со овие детски реквизити за сите возрасни групи во оваа оваа градинка ќе може децата да иуживаат и да ги користат истите.“ – вели Митров.
Настанот беше збогатен и со музички точки изведени од страна на дечињата од детската градинка Астибо Штип. Во оваа прилика Ангелов потенцираше дека соработката со оваа градинка како и со Општина Штип продолжува и во иднина.
„Како што е веќе познато ние имаме една официјална помош за развој која е приближно околу 600 илјади евра на годишно ниво. Правиме различни проекти во различни области. Овде во 2021 година склучивме договр со општината и со градинката Астибо за овие играчки кои се многу убави. И ние сме многу задоволни од реализиацијата на овој проект. Се надевеме дека соработката ќе продолжи. Во наредниот период тоа ќе биде во 2024 година ќе се направи еден добар проект, се надевам директорот со неговиот тим ќе го направат, ќе аплицираат и се надевам дека ќе успееме да го реалзиираме“ – вели Ангелов.

Дневен центар за деца со аутизам во Скопје и Охрид, се гради во Тетово, а тенденција е да се направи и првиот центар за возрасни лица со аутизам во државата. Продолжуваа активностите за зашитата на лицата од семјено насилство кампања која оваа година е насоечна кон децата како и низа други настани дел од помошта за развој која Бугарија ја нуди на Македонија.
Лаура Стојанова М-Нет