
Детонит Плачковица забележа убедлива победа на контролниот натпревар со третолигашот Осогово со резултат од 3:0 со погодоците на Мемеди, Стојанов и Димовски.
Натпреварот се играше на Градскиот стадион во Радовиш, а за Детонит Плачковица настапија Ѓорѓиев, Коцев, Радевски, Велиновски, Димовски, Јанев, Алексовски, Смилков, Божинов, Мемеди и Стојанов, а во игра влегоа и Јанев, Мирчевски, Свирков, Јусуф, Стојов, Настевски, Ќазимов, Димовски и Бабунски.
Пролетниот дел радовишани го отвараат во Струмица против Беласица.