Детонит Плачковица се засили со повратник!

Радовишкиот второлигаш Детонит Плачковица за пролетниот дел од сезоната ќе биде посилен со повратникот Тони Мичковски кој доаѓа од редовите на Каменица Саса.

Во минатото 24-годишниот фудбалер беше дел од радовишкиот тим и се враќа во добро позната средина за него.

Претходно, Мичковски беше дел од Беласица, Кожуф, Силекс, Кит Го од Пехчево и Брегалница од Штип.

Мичковски е петтото зимско засилување за радовишани, а претходно тимот се засили со Тони Мирчевски, Љупче Христовски, Омер Сулејмани и голманот Павле Петревски.

Александар Ванев, М-Нет