
Детонит Плачковица за новата сезона во Втората лига се засили со тројца млади играчи – станува збор за Валентин Блажески, Мартин Шаренковски и Мартин Пивковски.
Блажески кој има 19 години, доаѓа од редовите на Њу Старс и важи за одличен играч со голем потенција. Шаренковски пак е 18-годишен фудбалер и тој е дете на Брера Струмица, а игра во средниот ред, додека пак Пивковски е лев бек кој има 20-години, а кој исто така доаѓа од Брера Струмица.
Низ својата кариера Пивковски покрај за Брера Струмица, настапуваше и за Кожуф и Новаци.
Претходно, Детонит Плачковица се засили со Никола Сарески кој пристигна од Кожуф, со искусниот Зоран Андонов кој доаѓа од Брера Струмица, со Јасин Казимоски и Мартин Мисердовски, со повратникот Стефан Бабунски и младиот Тино Спасиќ, како и со искусниот Сашко Дуков и Филип Ѓоргиевски, кои во пакет пристигнаа од Кожуф.
Детонит Плачковица предводен од штипскиот стратег Горан Здравков сезоната ја отвара со гостување кај новиот второлигаш Големо Коњари, а сезоната започнува на 23 август.
Александар Ванев, М-Нет